Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Независни писатели на книжевна средба во Хрватска

0
By Нова ТВ on May 2, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Од остров на копно, кон остров на море“ е насловот на книжевните средби што од 2. до 4 мај ќе се одржат во Далмација, Хрватска.

На покана на Асоцијацијата на хрватски писатели, делегација на Независни писатели од Македонија ќе одржи книжевна вечер со хрватските колеги на островот Зларин, во близина на Шибеник. Меѓу македонските писатели ќе бидат академикот Богомил Ѓузел, проф. д-р Елизабета Шелева, Лилјана Дирјан, Роберт Алаѓозовски…. Од хрватската страна најавени се реномирани книжевници, како што се Младен Бјажиќ, Анте Томиќ, Ѕвонко Варошанец, Антонио Баришиќ, Емир Имамовиќ Пирке, Ренато Барешиќ и др.

Мотото на темата „Од остров на копно, кон остров на море“, која е инспирација од антологиската песна на академик Богомил Ѓузел, „Остров на копно“, е поврзано со личните поетики на авторите, но и со спецификите на двете земји, како и пошироките културни контексти на кои авторите им припаѓаат. Како што се посочува во песната на академик Богомил Ѓузел, станува збор за судбината на Македонија, како земја која нема излез на море, која е од сите страни опкружена со земји, парадоксално, како остров на копно.

Кон таа затвореност на земјата придонесува и геополитичката позиција. Со сите свои четири, а сега и пет соседи, Македонија има постојано тензични релации, кои наместо отворање на патиштата, комуникациите, размените, постојано создаваат атмосфера на недоверба и затвореност. Дали таа геополитичка состојба се одразува на геопоетичката карактеристика на македонските писатели? Се одразува. Македонските писатели не само што ја истражуваат длабоко во себе метафизичката позиција на осаменоста на битието, на притеснетоста, на потребата постојано да се создава и трага по своите корени, по својата култура и идентитет, да се осознава и дефинира просторот на битисување, во себе и наспроти другите…

Покровител на настанот е градоначалникот на Шибеник, д-р Жељко Буриќ, а предвидено е да се обрати и хрватскиот министер за туризам, Дарко Лоренцин. Веднаш по заминувањето од островот Зларин, македонските писатели ќе го посетат Сплит каде македонската дијаспора и Македонското културно друштво „Македонија“, Сплит во нивна чест ке одржат свечена манифестација со уметничка програма. Писателите ќе имат средба и со нивните сплитски колеги.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.