НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нездрава нација, претходни заболувања-причина или оправдување за зголемената смртност од Ковид

0
By Менче Атанасова Точи on September 17, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зголемениот број на починати пациенти од Ковид речиси секојдневно ја вознемируваат јавноста во последните десеттина денови. Во дневните извештаи од Министерството за здравство нема детали на што се должи тоа, која е причината за зголемената смртност, ниту детали за секој од нив, што допринело да завршат фатално. Особено што многу често станува збор за млади луѓе.

Вчера починаа седум заболени, еден од нив е на возраст од 44 години. Ден преходно беа регистрирани девет смртни слуачаи меѓу кои две девојки на возраст од 23 и 29 години, еден на 44 годишна возраст, друг на 52, останатите околу 60 години.

И покрај барањата да се објавуваат детали, да можат медиумите да дадат јасна слика што се случува, новинарите одговор добиваат само кога ќе побараат објаснување за поединичен случај. Такво објаснувањето за двете млади девојки кои починаа пред два дена е дека имале преходни болести, првата била порано оперирана од тумор, втората имале заболување на тироидата.

„Пациентката 23 години од Скопје е потврдена позитивна на 5.09, а претходно 4 дена била со симптоми: температура, кашлица и тешко дишење. Хоспитализирана е на 12.09 на Инфективната клиника во Скопје и веднаш класифицирана како тежок пациент, ставена на кислород. Ден пред да настапи смрт, состојбата на пациентката се влошила со пад на сатурација, по што била ставена на неинвазивна вентилација (НИВ). Смртта настапила нагло.

Пациентката имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и морбус кушинг- ендоринолошко заболување.

Пациентката 29 години oд Струмица е почината во Клиниката Жан Митрев и имала зголемена обезност. Во епидемиолошкиот извештај на ИЈЗ стои дека имала заболување на тироидната жлезда. За повеќе информации за конкретната пациентка, можете да се обратите во клиниката“, одговорија од Министерството за здравство.

НОВА праша во ресорното минстерство на што с е должи зголемената смртност во последната недела и зошто умираат млади луѓе, но конкретен одговор не добивме. Сепак, потенцираат дека од деветте  починати, осум имаале коморбидитети (други болести) најчесто дијабет и кардиоваскуларни заболувања. Што е со едниот починат кој немал претходни заболувања, нема објаснување.

„Во поглед на причината за смртта, за лицата починати во здравствените установи таа се утврдува во Институтот за судска медицина. Смртта на секој пациент во здравствената установа поединечно е анализирана на стручниот колегиум на установата каде што настапила смртта“, велат од ресорното министерство.

Граѓаните реагираат, прашуваат преку социјалните мрежи дали тоа значи дека секој кој што има некакво хронично заболување е во опасност од смртен исход, доколку заболи од Ковид. Бараат одговори.

Микробиологот и професор, Никола Пановски за НОВА вели дека бројот на смртни случаи кај нас во последните денови е неочекуван и необјаснив. Особено што е намален бројот на хоспитализации, а се зголемува смртноста. 
„Бројот на смртни случаи кај нас, особено последниве два дена е неочекуван и необјаснив. Намален е бројот на хоспитализации, а расте смртноста!!! Во светски размери бројот на смртни случаи опаѓа, а бројот на позитивни расте. Во светот тоа се објаснува со подобра нега и лекување на болните, особено употреба на антикоагулантни средства.
Дури и сосема здравите и млади се во опасност, иако тоа е многу ретко. Во САД, 127 луѓе под 21 година умреле од Ковид, што е околу 0,25% од сите починати. 3/4 не биле белци!!!  Кај нас очигледно има проблем во доцното јавување на лекар, но и во лекувањето и второ, веројатно како нација имаме доста лица “предвреме остарени”, се конзумира нездрава исхрана, има загаден воздух, обложувалници наместо движење, стрес итн. Млади луѓе со атеросклероза, а оваа е болест на крвните садови“, објаснува за НОВА, проф.Пановски. 
Пациенти со Ковид се лекуваат и во приванти болници, како што беше случајот со 29 годишната струмичанка која што почина пред два дена. И бидејќи Министерството за здравство на одговор не упати во приватната клиника Жан Митрев каде што се лекувала, НОВА праша дали ресорното министерство се смета за ненадлежно за пациентите кои ќе починат во приватните болници. Зошто неможе да се добие објаснување преку министерството како највисока институција, под чија капа се сите здравствени установи во државата која е причината за смртта на пациенти кои се лекуваат таму. Од таму го добивме следниот одговор.

„Во здравствената заштита сите пациенти се во еден интегриран здравствен систем и во здравствената дејност како дејност од јавен интерес во сите здравствени установи, јавни и приватни, важат истите правила на постапување со лицата починати во установите.

Изборот на пациентот дали и каде ќе се лекува е негов личен. Со хоспитализација во установата, пациентот е согласен со начинот на третман/лекување на установата во која избрал да биде третиран“, се вели во одговорот од министерството.

Почитувањето на мерките од страна на граѓаните се клучни во однос на заштитата од коронавирусот, но должност на надлежните е да ја контролираат ситуацијата, да менуваат стретегија ако е потребно и да ја објаснат новонастанатата ситуација во која не стивнува и не се намалува ниту бројот на заболени, ниту бројот на смртни случаи. Вирусот е многу распростаранет, а факт е дека некои го поминуваат лесно, но од него умираат и млади луѓе кои дотогаш немале никакви заболувања.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

ВЕСТИ August 1, 2025

Најмалку 28 лица се убиени во вчерашните руски напади во Киев, според ново ажурирање од…

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Хамас објави видео од израелски заложник

August 1, 2025

Вашингтон: САД воведоа санкции врз преставници на Палестинската самоуправа и ПЛО

July 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.