НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ни трага од Петар, Обвинителството ги испраша родителите

0
By НОВА ТВ Balaban on February 28, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прилепското Основно јавно обвинителство отворило предистражна постапка за исчезнувањето на десетгодишниот Петар Џ. , кој од страв би можел да се сокрие дури и од луѓето што го бараат  

Еве веќе три дена го бараме 10 годишниот Петар, но се уште, за жал, нема никаква трага од детето, кое пак би можело да се крие и од луѓето коишто го бараат, вели за НОВА ТВ  Роберто Илиески, раководител на Доброволното противпожарно друштво Архангел од Битола кој, заедно со уште петмина доброволци од друштвото, повеќе од 100 полицајци, противпожарни служби, ловџии, како и граѓани доброволци од неколку градови трагаат по Петар Џобоски.

Детето исчезна во петокот попладне, кога, според пријавата на таткото Стојан, се оддалечило од својот дом во прилепското село Врбско. Инаку, Петар е лице со посебни потреби. Прилепското Основно јавно обвинителство отворило предистражна постапка за исчезнувањето на десетгодишниот Петар Џ. 

– Ние го пребаруваме реонот од влезот во селото десно кон планината, и засега нема никакви траги, иако имаше и прелети со дрон во саботата. Три дена веќе го бараме детето и, дај Боже, да е скриено некаде. Има и тврдења дека тој може и да се исплаши од луѓето коишто го бараат и дури и од нив да се крие… Временските условите се неповолни, навечер е постудено за 4 до 5 степени, а првата ноќ температурата беше минус 4 степени, а сношти и постудено, плус и со снег од над 30 сантиметри. За тоа колку детето би можело да се оддалечи од селото, според  разговорот и со лицата од Единицата за брзи интервенции и со медицинските лица, треба да се наоѓа во радиус од некаде 5 км од селото – вели Илиески.

Тој појаснува дека според сознанијата, постои можност детето да се врти и во круг во реонот каде исчезнало, односно на границата меѓу прилепскиот и битолскиот дел на Мариово.

– Теренот е многу непристапен, а еве ниту кучињата не успеаја да влезат во трага, многу луѓе досега го поминаа теренот, а еве од вчера заврна и снег … Во хеликоптерот кој трага по детето е и мештанин од селото и вработен во  посебната единица и го пребаруваат теренот. И шумата тука е многу густа и теренот е тежок за  пребарување, со многу стрмнини. Сепак, да се надеваме на среќен исход, дека ќе успееме да го најдеме Петар – очекува Илиески.

Родителите дале изјави и во Обвинителство, Петар еднаш се изгубил и во Прилеп.

Таткото на Петар, Стојан, вели дека штотуку се вратил од полицијата каде му кажале дека се уште нема ништо ново од потрагата по неговиот син. Тој ни  потврди дека синоќа, заедно со мајката на Петар и 19 годишниот брат, биле во прилепското Основно јавно обвинителство каде дале изјави во врска со исчезнувањето на нивниот син и брат. Обвинителството отворило предистражна постапка за исчезнувањето на десетгодишниот Петар Џ. 

– Започнавме со предистражната постапка. Разговаравме со родителите на детето и 19-годишниот брат. Очекуваме дополнителни информации и од полицијата. Истрагата продолжува – велат од Обвинителството во Прилеп.

– Само што бев во полиција, и за жал, се уште нема нови вести коишто ги очекуваме, нашиот син да биде пронајден. Досега се случи еднаш Петар да се изгуби во градот, во Прилеп, но тогаш имавме среќа, тој беше набрзо пронајден од едни луѓе кои му помогнале да се врати од продавница. Дај Боже така да е и овојпат, нашиот син Петар да биде пронајден – вели таткото Стојан.

МВР објави телефонски број на дежурната служба во село Витолиште, каде што граѓаните можат да се обратат за координација – телефонскиот број е 071 268-594. Од полицијата апелираат – доколку некој има информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, веднаш да се јави во МВР.

Неданоски: „Најмногу се надевавме во петокот вечерта – кога ги пребаравме сите штали и куќи во селото“

И членовите на спасителната служба „Златоврв“  од Прилеп уште од првиот ден се во потрага по 10 годишното момче.

– Најмногу се надевавме вечерта во петокот кога бевме над 60 луѓе и кога ги пребаравме сите штали и куќи во селото, но за жал, не успеавме. Се бара Петар на секоја страна, досега нема никаква трага, а дај Боже, сите се надеваме дека сепак ќе го пронајдеме детето Во потрагата се вклучени сите – и полицајци, доброволни друштва, пожарникари, но и од ловечките друштва. Постепено се шири обрачот којшто го пребаруваме, но во тој предел се големи долови, густа е вегетацијата и не може побрзо да  напредуваме, а дополнително отежнување е што заврна многу снег, па и теренски возила се заглавија. А за утре се најавува и нов снег….  – вели Дарко Неданоски, раководител на спасителната служба „Златоврв“.  

Љубица Балабан

Дарко Неданоски никаква трага Петар противпожарно друштво Архангел Роберто Илиески спасителната служба „Златоврв“ таткото Стојан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.