Додека случајот не се докаже никој не е виновен, но доколку се докаже одговорност тогаш никој не е над законот, ниту е заштитен зашто е носител на некоја функција, смета премиерот Зоран Заев.
Тој подвлече дека како и за сите институции, така и за премиерот, министрите, генералниот секретар има контролни механизми. Тој останува на својот претходно искажан став за Рашковски, но, како што рече, истрагата треба да ги даде резултатите.
-Прво е Државен завод за ревизија, второ е Антикорупциска комисија која ја има под мониторинг Владата, на крајот се истражните органи, Јавното обвинителство, судовите. Постојат контролни механизми, сигурно има и други институции надлежни во однос на јавните институции. Така и за генралниот секретар. Тој не е ни повеќе ни помалку од останатите. Се прават редовни, но и ад-хок контроли. Во Владата многу често е присутна контрола за економски криминал, зашто јавноста бара, присутна е контрола за организиран криминал, а постојано истражува и Антикорупциска, истакна Заев, одговорајќи на нвоинарско прашање за случајот со Драги Рашкоски.
Заев оцени и дека транспарентноста и отвореноста на Владата која им овозможува увид на сите, не само на новинарите, денес е огромна предност за земјата.