Претседателот на Србија Томислав Николиќ денеска на пладне ќе потпише указ за распуштање на Народното собрание, како Одлука за распишување на парламентарни избори.
Вчера пред новинарите тој кажа дека премиерот Ивица Дачиќ и првиот потпретседател на Владата Александар Вучиќ му го предале образложениот предлог на Владата да го распушти Собранието и да распише вондерни парламентарни избори.
Мислам дека сфатија дека треба прво кај граѓаните на Србија да се провери легитимитетот на оваа Влада, а потоа да се уфрли нова енергија во нејзиниот состав, дека луѓето кои ќе бидат избрани на овие парламентарни избори, на силна и цврста основа, која ја постави оваа Влада, ќе продолжат да градат европска куќа, куќа осигурана од криминал, која ќе ја развива економијата и ќе оствари соработка со сите светски држави, истакна Николиќ.
Николиќ потенцираше дека големи обврски се пред новата Влада, спомнувајќи дека Србија нема да застане за време на кампањата и дека ќе функционираат сите институции.