Српскиот претседател Томислав Николиќ не присуствува на комеморативниот собир по повод одбележувањето 100 години од почетокот на Првата светска војна во Белгија поради најавата дека на свеченоста ќе бидат истакнати симболите на Косово, соопштува неговиот кабинет.
Во Њупорт и во Ипра во Белгија се одржува комеморативен собир под наслов „Белгија памти“.
Причина е, како што се наведува, „известувањето што е добиено од организаторот дека на свеченоста ќе бидат истакнати симболите на самопрогласената Република Косово“.
Тој присуствуваше на одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна во Лиеж на 4 август кога на церемонијата беа истакнати обележјата на сите земји-учеснички во Првата светска војна, но не и симболите на Косово.