Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николоски: Им ја броиме секоја чаша вода на министрите

0
By Нова ТВ on February 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Борбата против криминалот и корупцијата, како и стеснување на просторот и можностите за трошење на фунционерите и натаму се врв на агендата на Владата, но и на ресорот со кој раководи, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Во тој контекст тој најави дека неговиот кабинет во владина постапка предлага уредби за дефинирање и ограничување на тоа што е репрезентација, колку може министер или заменик министер или директор да потрошат. Дополнително, додаде Николовски, ќе бидат разрешени сите кај кои ќе бидат констатирани неправилности во работењето, истo како што тоа било случај и досега.

-Имаме разрешени повеќе директори, заменици директори, претседатели на управни и надзорни одбори… отколку што предложила Државната комисија за спречување на корупцијата, за кои информаците стасаа до мене директно од граѓаните и медиумите, рече Николовски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на сепарацијата за песок и чакал во Долно Коњаре.

Тој додаде дека како што стигнуваат иницијативите од ДКСК до неговиот кабинет, така и се постапува и оти тоа така ќе продолжи и во иднина.

-Дали иницијативите биле доставени на друго место ќе ги прашате од ДКСК, мислам дека го уредивме и тој дел секоја иницијатива да стасува и до нас. По секој основ каде е констатирано прекршување, вклучително и на кодексот, етичките норми и највисоките етички вредности кои ги промовираме секаде, се постапува, рече Николовски, додавајќи оти е уверен дека соработката со оваа институција ќе продолжи да оди по нагорна линија.

Тој истакна дека сега функционерите се однесуваат многу поразлично од тие во минатото.

-Многу е различно сега со овој кодекс од 2017 година наваму, кога ниту министрите во најголем дел не користат службени картички и им се брои секоја чаша вода. Нема такви функциоери кои сега се лукзузираат и трошат на таков начин. Ако може да се откажеме од привилегиите, да правиме се да се намалат дискрециските права навистина мислам дека тоа треба да се почитува  и бараме поддршка тоа да се направи не само за министрите и замениците, туку за секој еден избран функционер од Владата, за секој раководител на институција формирана од Владата или препораките за општините, потенцира вицепремиерот.

Тој рече дека нема да дозволи никогаш да се заборават некои работи, како недомаќинско работење и расипничкото трошење за кои имало и кривични пријави потпишани од него. Бара целосно процесуирање, разрешница и правда за секој случај за, како што истакна, да се врати довербата на граѓаните во сите институциии.

-Затоа од страна на мојот кабинет во владина процедура се неколку постапки водени со Државниот завод на ревизија за тоа како се трошело расипнички во иминатиот период, а уште нема одговорност иако има докази и кривични пријави.  Мојот кабинет во владина постапка предлага уредби за дефинирање и ограничување на тоа што е репрезентација, колку може да троши министер, заменик министер или директор, како ќе се регулираат со акти службените картички и секо еден денар кој го тошиме од граѓаните, истакна вицепремиерот Николовски.

Најави дека ќе се регулира и користењето на возила, со што, уверен е, ќе се придонесе за се помалку непродуктивни тошења од страна на политичарите, а се повеќе пари за граѓаните.

-Денеска одиме чекор напред го трансформираме општеството, носиме европски вредности и нормално дека наш врвен приоритет е да ја менуваме реалноста, навиките, општеството и да работиме на искоренување на корупцијата во општеството, рече Николовски најавувајќи дека таа битка ќе биде неселективна и безкомпромисна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.