Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николов: Буџет со кој власта сака со големи расходи да ги купи наредните избори

0
By Нова ТВ on November 13, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов смета дека и овој Буџет не носи ништо ново, јавува МИА за текот на комисиската расправа за Буџетот 2014.

– Владата ќе продолжи да троши повеќе, граѓаните ќе станат уште посиромашни, а богатите побогати. Идната, 2014-та, ќе биде уште една изгубена година за македонската економија, рече Николов по излагањето на вицепремиерот и ресорен министер Зоран Ставрески.

Николов оцени дека ова е буџет со кој власта ќе се обиде со големи расходи да ги купи наредните избори.

– Не е случајно што планирате зголемување на пензии, социјална помош, субвенции. Ако Буџетот е развоен како што велите, зошто тогаш планирате повеќе пари за стариот театар, 399 милиони денари, отколку за гасификација, 250 милиони, зошто повеќе за зградата на Министерството за финансии, 755 милиони, отколку за инвестиции во железничката инфраструктура, 573 милиони?, праша Николов.

Тој обвини дека само за изградба на административни згради се предвидени 1,8 милијарди евра, додека за развој на енергетика и за малите и средните претпријатија, 6, односно 10 милиони денари. Долгот на Македонија ќе биде поголем од растот на БДП.

Николов предочи и дека се продлабочува дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Дискусијата ја почна со ретроспектива на досегашните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека оваа партија во изминатите 16 години изработила 12 буџети, ова е 8-ми по ред, но сите биле енормни, се трошеле огромни пари на граѓаните и стопанството, вкупно 16,5 милијарди евра.

– Ова се убедливо најслабите резултати од самостојноста на Македонија или од 1996 година кога е постигната макроекономската стабилност, посочи Николов.

На тоа реплицираше Ставрески со став дека резултатите што ги остварува оваа Влада се конкретни, мерливи, видливи и секој може да ги воочи.

– Граѓаните кажаа дека сакаат друга политичка гарнитура и тоа ве боли. Првпат имате многу малку аргументи што покажува дека Буџетот е одлично скроен, но тоа не значи дека нема проблеми, напротив. Ни претстои уште многу работа, рече вицепремиерот.

Колку фабрики отворивте во Кавардаци, Битола, Демир Хисар, Штип, Скопје, колку вработувања креиравте, колку училишта, патишта, водоводи изградивте, им помагавте ли на земјоделците, на лицата со посебни потреби, глуви, слепи, без екстремитети, колкави беа субвенциите, беа само некои од прашањата што му ги упати Ставрески на Николов.

Граѓаните, додаде, најдобро знаат кој, што и колку сторил, веќе не веруваат во политичари кои само зборат, а ништо не прават. Помина времето на таквите политичари.

– Резултатите ги ценат и меѓународните институции, ММФ, Светска банка,… И тие се огласија, потврдија дека македонската економија заздравува многу подобро од очекуваното и дека е една од најуспешните во Европа. Сепак, најзначајно е што мислат граѓаните, а тие тоа го кажуваат на демократски начин, седум пати досега, иако од вас цело време ги слушавме истите зборови, „следниот пат ќе видите“. И видовме. Не се плашиме да се соочиме со граѓаните, ниту со вас, рече Ставрески по што го покажа и графиконот кој споредбено ги претставува стапките на невработеност во времето на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.

Ставрески потврди дека Владата гради административни згради за да не одат, како што рече, парите за кирии кај олигарсите, но во исто време се градат и школи, патишта, болници, водоводи, се зголемуваат пензиите, субвенциите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.