Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николов: До кога оваа Влада ќе се фали со скапите реклами?

0
By Нова ТВ on October 1, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Државниот завод за статистика вчера ги објави најновите, за жал разочарувачки податоци за растот на БДП на Република Македонија во 2012 година. Податоците покажуваат дека БДП на Република Македонија во 2012 година, не само што не се зголемувал, туку за жал се намалил за 0,4 % поени“, соопшти пред новинарите Марјанчо Николов од СДСМ.

По којзнае кој пат паднаа во вода прогнозите на Владата дека во 2012 година македонската економија ќе расте, прво според буџетот по 4,5 отсто, а потоа со ребалансот Владата предвидуваше 2, 5 отсто пораст на БДП. И овие податоци јасно покажуваат дека политиките на Владата во делот на економијата и во делот на јавните финансии и трошењето на парите на граѓаните сите овие години даваат лоши и разочарувачки резултати, рече Николов.

– Само за потсетување, во изминатите 7 години, од 2006 до 2012 година, просечниот раст на БДП, од времето кога ВМРО – ДПМНЕ ја презеде власта и ја води македонската држава, изнесува ниски 2,2 %. Со ваквиот раст на БДП, Република Македонија, за жал останува последна земја и по животниот стандард во Европа и во регионот, и по висината на личните доходи, и по висината на пензиите, и она што е најлошо, останува последна и според перцепцијата на граѓаните, за тоа колку се среќни од својот живот во Република Македонија.

– Оваа Влада, во 2012 година го зголеми буџетскиот дефицит без одобрение на Собранието на Република Македонија, од 2,5 % на 3,9 %, потроши 300 милиони евра повеќе од она што и беше дозволено или што македонската економија создала.

– Се поставува прашањето зошто Владата ги потроши овие пари? И колку од овие потрошени пари придонесоа за Република Македонија, нејзината економија и нејзините граѓани подобро да живеат?

– Чекаме одговор како и зошто Владата незаконски и надвор од процедура ги зголеми буџетските дефицити за 2012 година? А од друга страна резултатите покажуваат дека тоа зголемување на буџетскиот дефицит придонело, за жал, за негативен раст на БДП.

Ова е уште една неуспешна година за македонската економија и нејзините граѓани.

– Прашуваме до кога оваа Влада ќе се фали со скапите реклами дека животот во Република Македонија е добар, дека економијата ни оди напред, дека животниот стандард расте? Ниту еден релевантен податок не го покажува тоа. Растат само расходите, трошоците, буџетот, додека се намалува животниот стандард и растот на македонската економија.

– И затоа последните податоци на Државниот завод за статистика за растот на БДП во 2012 година не враќаат во суровата реалност. Таа е дека оваа Влада не умее или не знае да се справи со реалните проблеми, да обезбеди економски раст, подобар животен стандард, отворање работни места, правејќи го тоа на грбот на граѓаните, само со правење високи буџети, коишто стопанството и граѓаните не можат да ги полнат.

За овие изминати 7 години, оваа Влада има потрошено 7 милијарди евра повеќе од која било досега Влада во Република Македонија!

– На граѓаните останува да проценат дали со волку потрошени пари, оваа Влада ги постигна целите за коишто ја доби довербата? Подобра економија и подобар животен стандард. Статистиката тоа не го потврдува, а верувам реалноста уште повеќе ја демантира оваа Влада, рече на крајот Николов до СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.