Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николов: Менаџерот на „Јупитер“ измами италијански туроператор каде што работам

0
By Менче Атанасова Точи on May 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Туристичката агенција „Јупитер“ е казнета со 800 евра, а менаџерот треба да плати само 100 евра казна бидејќи поради неподмирени долгови кон хотелот во Истанбул, за време на првомајските празници на 400 патници им беа задржани пасошите како гаранција. Туристите тврдеа дека биле малтретирани цел ден бидејќи не можеле се вратат во Македонија, се до моментот додека не интервенирале од конзулатот.

„Не најдовме никакви неправилности во однос на работењето на агенцијата, освен во договорите со корисниците кои не ги содржеа елементите од член 16. став 2 од Законот за туристички дејности“, изјави за НОВА Кирил Миноски директор на Државниот пазарен инспекторат.

Во меѓувреме, од таму велат дека работат на две преставки од патници кои се единствените што ги добиле до сега, но тие се решаваат со Законот за заштита на потрошувачи. Миноски вели дека досега не добиле други преставки за оваа агенција, но вели дека продолжуваат да ги проверуваат и другите фактори, како што с е автобусите со кои с е патувало, на пример.

Од друга страна, Јане Николов вработен во еден познат и голем италијански туроператотор(името на туроператорот е познато на редакцијата) тврди дека менаџерот на „Јупитер“ фалсификувал документ од банка со кој требало да ја уплати договорената сума на пари за патување во Прага во хотел со пет звезди, во ноември 2012-та година, за што приложи и документи во НОВА.

Николов тврди дека со менаџерот на оваа туристичка агенција имале контакти за мини серијал за патувања во Прага и Будимпешта во 2012 година. Првото патување за кое бил резервиран хотел со пет sвезди не се реализирало бидејќи од „Јупитер“не ја извршиле уплатата на време. Второто патување со групата за Будимпешта поминало во ред. Последната комуникација била исто така за патување во Прага. Патниците стигнале таму, се сметиле во хотел со пет звезди, но вториот, поголемиот дел од парите туроператорот никогаш не го добил тврди Николов..

„Агенцијата уплати помал дел од парите пред тргнување. Кога ја добивме трансакцијата за вториот дел од сумата, нашите сметководствени служби констатираа дека е направен фалсификат. Ниту, на крај памет не ни беше дека некој може да направи такво нешто. Групата во Прага го искористи целиот аранжман, но ние пари никогаш не добивме. Јас го замолив менаџерот, доколку има финасиски проблеми, дека ќе го почекаме, но тој одби било каква комуникација со нас,“ изјави Николов во емисијата ПРОЦЕС, на НОВА.

Откако 3-4 месеци менаџерот одбивал секаква комуникација, италијанскиот туроператор случајот го пријавил во македонската полиција. Но, се уште чекаат Основното јавно обвинителството да покрене обвинителен акт.

Николов вели дека се надевал на искрена соработка, како што е тоа случајот со другите агенциии од Македонија. Тој вели до сега не се случило со ниту една агенција во светот вакво нешто. Италијанскиот туроператот каде што работи Николов соработува со сите земји во светот, а има над 100 вработени. Задоволни се од соработката со македонските туристички агенции.

Менаџерот на агенцијата „Јупитер“ не ги коментираше ваквите обвинувања. Вработената со која контактиравме рече дека тој е на состанок и дека пораката ќе му биде пренесена.

Но, само по половина час се јавија од адвокатската канцеларија „Чукиќ и Марков“ од каде што рекоа дека менџерот на „Јупитер“е нивен клиент и дека не се води никаво дело против него. Од таму, предупредија дека не смееме да објавуваме ништо за него,а доколку тоа го сториме се заканија со тужба.

НОВА, побара документи или било каков доказ дека не е сторен фалсификат, на што од адвокатската канцеларија одговорија дека нема да добиеме, бидејќи ги чуваат за на суд.

НОВА, нема да подлегне на заканите од оваа адвокатска канцеларија, особено што
станува збор за лично тврдење на Николов за што тој поседува и документи, а не на редакцијата на НОВА која само пренесува информација.

Својот став Јане Николов го кажа во емисијата ПРОЦЕС на НОВА пред една недела.

Менаџерот на „Јупитер“ не одговори ниту на нашата покана за гостување во емисија, иако неколку пати во текот на две недели беше уредно повикуван.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.