80.000 работници од март ќе добиваат повисока минимална плата која ќе изнесува 18.000 денари.
Тоа е раст за над 100 отсто во однос на минималната плата во 2014 година, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ, изнесувала 8.800 денари, велат од СДСМ.
Според пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, новото зглемување на минималната плата ќе даде сериозен придонес во трајното извлекување од сиромаштија и зајакнување на економскиот стандард на граѓаните.
„Според официјалните податоци на Сојузот на синдикати на Македонија, во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари. Тоа значи дека за да се наполни оваа кошничка во 2014 година биле потребни четири минимални плати. Во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35.042 денари. Со новото зголемување на минималната плата, две минимални плати не само што се доволни за да се наполни синдикалната кошничка, туку остануваат и нешто помалку од илјада денари. Може да се споредат и цените на горивата, без енергетска глобална криза, на пример во 2012 година, евросупер се продавал за 89 денари а сега, среде енергетска криза цената е меѓу најниските во Европла од 81 денар за литар“, рече Николова.
За седум години, синдикалната кошница се зголемила за девет отсто, а за истиот период минималната плата е зголемена за 100 отсто, што укажува дека животниот стандард на граѓаните е заштитен и дополнително унапреден.