Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовска: Едногласно усвоен Деловникот, со него дефиниран фокусот на уставните измени согласно европскиот предлог

0
By Ана Василевска on May 19, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Цаца Николовска
Цаца Николовска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот денеска едногласно го усвои Деловникот за работа, кој утре или задутре ќе биде објавен на сајтот на Министерството за правда. Претседателката на Работната група, Маргарита Цаца Николовска по завршувањето на состанокот изјави дека оценува оти донеле добар Деловник, кој дефинира што ќе работат понатаму, без да се навлегува во дискусии, кои би ја одолговлекувале нивната работа. Одлуките ќе се носат со мнозинство од вкупниот број на членови.

„Немаме многу време. Немаме зацртано рокови, но важно е да се имаат предвид сите оние можности, кои треба да ги искористиме за да може меѓународната заедница да продолжи да работи согласно нивната агенда, во која влегуваме и ние“, рече Цаца Николовска.

Нагласува дека работат согласно заклучоците на Собранието, одлуката на Владата, решенијата на Министерството за правда поврзани со европскиот предлог и Преговарачката рамка за продолжување на процесот на пристапување кон ЕУ и целта е да се даде предлог колку е можно поскоро, со цел државата да може да ги презентира резултатите, кои ги има преземено од меѓународната заедница.

Во врска со тоа дали ќе се отворат други прашања поврзани со Уставот, Цаца Николовска нагласи дека засега нема такво нешто, дека надлежноста на групата е да се издрафтира нацрт-документот, да се достави до предлагачот, кој потоа ќе го достави до Собранието.

На прашањето дали ќе се отвори темата за отстранување на 20 отсто од Уставот, односно во него да стои изрично албански јазик, Цаца Николовска рече дека мандатот на членовите на работната група не е неограничен, туку е во насока на европскиот предлог за продолжување на евроинтегративниот процес, во насока на решението на министерот, кое, пак влече од заклучоците на Собранието и меѓународно преземените обврски на државата.

Таа вели дека засега не може да каже колку амандмани ќе се подготват, но оти е потребно да донесат аргументирани одлуки, кои ќе им бидат понудени на граѓаните, на новинарите, но и на одредени политички личности и на одредени лица кои биле повикани да бидат дел од групата, но за жал одбиле.

Ќе се расправа комплетно за целиот Устав, истовремено и за преамбулата и за нормативниот дел, бидејќи, како што рече, Цаца Николовска, она што ќе влезе во преамбулата ќе има рефлексија и во нормативниот дел.

Предвидено е Работната група да се состанува еднаш неделно, но како што рече нејзината претседателка, доколку се јави потреба тоа ќе се случува и почесто. Наредната седница на Работната група е закажана за 26 мај.

На 26 април беше одржана конститутивна седница на Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што пак е услов за отворање на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија. Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институции.

Од редовите на СДСМ во групата членува Цветанка Иванова, Арбр Адеми е од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците.

Од институциите Александар Спасов е од Кабинетот на претседателот, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи.

Од редот на експертите во групата членуваат Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја.

Опозициските партии, меѓу кои и најголемата ВМРО-ДПМНЕ и покрај повиците од власта одбија да учествуваат во работната група. Остануваат на ставот дека нема да поддржат уставни измени и оти тие нема да бидат донесени за време на овој парламентарен состав.

Маргарита Цаца Николовска Работна група за уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.