Ленче Николовска: Луѓе, баталете ѓубрето во Скопје, од вчера 100 милиони евра од ИПАРД за земјоделците се под знак прашалник.
Каква катастрофа, каков пораз за сите што учествувавме во развивањето и успешноста на Платежната агенција до сега.
Најголем пораз и нервози за оние што ги инвестираа парите (милиони евра се во прашање) постои ризик да бидат стопирани сите исплати. Какво разочарување за сите што планираа да инвестираат и да се развиваат рачунајќи на оваа помош, а се’ во интерес на вкупниот рурален развој.
Има ли крај на личните интереси, корупција и ненаситност ќе кажам, на луѓе на позиции. Срамота!
Извор: Фејсбук
