Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски вели дека сликата на протести кај нас ја нема, благодарение на отворената, искрена и директна комуникација со земјоделците

0
By Marija Todorovska on February 13, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европските земјоделци ги засилија протестите против мерките на ЕУ и зголемувањето на цените, а патиштата секојдневно се блокирани од трактори во Полска, Унгарија, Шпанија, Белгија.

Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вели дека сликата на протести кај нас ја нема, благодарение на како што вели отворената, искрена и директна комуникација со земјоделците. Политиките во земјоделието се креираат исклучиво заеднички без наметнување нешто на сила.

про„Постојано сме на терен и директно од земјоделците го слушаме гласот, нивните критики, сугестии и предлози и заедно создаваме мерки. Активирани се сите постојани подсекторски групи во министерството, каде членуваат директно земјоделците, здруженијата на земјоделците и стручната јавност. Токму во овие подсекторски групи се потврдуваат сите мерки што министерството заедно со земјоделците ги носи, а повторно го активиравме и Агро Советот како највисоко тело во земјоделството. Вака креираните мерки докажано дале резултат. Мерките се креирани директно со земјоделците и прифатени од нив. Не се наметнува ништо со сила, како што беше пракса од една друга влада. Пример за ваквата успешна сорабтока е и новиот модел за субвенционирање, голема реформа, која заедно со земјдоелците од почеток до крај ја водевме, подтврдена од сите подсекторски групи и Агро Советот. Затоа нема никаде да видите реакции или протести на земјоделците од новиот модел, бидејќи се беше јавно и транспарнетно, со нивна директна вклученост“, вели Николовски.

Николовски вели дека може секогаш подобро и повеќе да се работи, но тоа мора и треба да биде исклучиво земјоделска политика базирана врз реалните потреби на земјоделците.

„Ние не сме министерство кое чека да има проблем, туку уште во почетокот на некоја мака од земјоделците бара решение. Никогаш ниту еден земјоделец не бил оставен сам, поддршка се обезбеди и за време на КОВИД кризата, и за време на економсктата криза како последица од војната во Украина. Креиравме Интервентен фонд каде имаме обезбедено буџет за поддршка на земјодоелците во услови на криза, отворена програма која во секое врме во зависност од потребите може да се крираат мерки. Дали можеме повеќе и подобро? Секако дека да. Заедно со земјоделците можеме уште повеќе да направиме за македонското земјоделство“, додава Николовски.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изминатата 2023 година ја оценуваат како исклучително значајна и полезна за земјоделците.

Од МЗШВ велат дека успешно ја заокружиле ИПАРД 2 програмата, потврдувајќи го лидерското место во реализација на програмата, со 100% реализација и нула евра повраток на средства.

Земјоделие ИПАРД 2 програма Николовски протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.