Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц: Спогодбата е правична, чесна и спроведлива

0
By Нова ТВ on June 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Метју Нимиц, специјалниот претставник на Обединетите нации кој беше медијатор во решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција од 1999 година изјави дека „спогодбата е во стратешки интерес на двете земји“.

„ Да се најде решение за овој проблем, бара мудро лидерство, дипломатски вештини и стратешка визија и овие лидери покажаа дека ги поседуваат овие квалитети.  Сите овие карактеристики ги имаат овие  четворица лидери, а тое е ретко и сите треба да бидеме горди на ова. Работејки долги години на ова прашање, верувам дека овој договор  е во стратешки интерес на двете земји и ми беше чест што бев медијатор и што можам да посведочам на потпишувањето. Се работеше за долг тежок процес кој резултираше со спогодба која е правична, чесна и спроведлива и која ќе служи како  пример за регионот, за Европа дека два соседи можат да решат проблем ако се заложат“ рече медијаторот Метју Нимиц, по потпишувањето на Договорот во Псараедес.

Медијаторот кој денеска слави 79 роденден, исто така додаде дека „на семејство му кажав дека оваа година не сакам подароци за роденденот, оти двајцата премиери ќе ми дадат голем подарок“.

Нимиц рече дека и неговата работа е завршена, но допрва ги чека тешка задача  четворицата лидери кои треба да го имплементираат договорот и да ја продлабочат сорабоката меѓу двете земји. „Сигурен сум дека одлично ќе ја завршат работата„ кажа Нимиц.

Спорот меѓу Македонија и Грција трае три децении. Пред Нимиц, посредник во спорот за името беше Сајрус Венс.

Договорот насловен како „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“ го потпишаа министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија Никос Коѕијас и Никола Димитров.

Со договорот името на земјата ќе биде Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во Уставот, јазикот е македонски без фуснота и е потврден од ОН, а националност – македонска/граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia).

 

 

Нимиц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.