Планетата Земја во текот на денот ќе биде на удар на густа и моќна соларна бура, соопшти американската Национална агенција за океани и атмосфера (НОАА).
„Поради неочекувано коронално исфрлање на маса од Сонцето, можна е умерена геомагнетна бура“, се наведува во соопштението на НОАА.
Според американскиот метеоролог Тамити Сноу, во текот на ударот на бурата можни се пречки во работата на ГПС уредите и потешкотии при користењето на радио станици.