Нобеловата награда за мир годинава ја делат Индиецот Кајлаш Сатиарти и Пакистанката Малала Јусафзаи за нивните борби против угнетувањето на младите, и правата за едукација на децата.
„Децата мора да одат на училиште а не да бидат експлоатирани финансиски“, изјави Торбјорн Јагланд од Комитетот кој ја доделува наградатра.
Јусафзаи го сврте вниманието кон себе откако беше застрелана пред две години во главата од талибански напаѓачи. И откако преживеа таа стана симбол на успехот пред несреќата. Постојано се бори за едукација на девојките.
Таа со 17 години е најмладиот добитник на Нобеловата награда за мир.
Сатиарти од друга страна, има 60 години, и според Комитетот покажал голема храброст во водењето мировни протести против финансиската експлоатација на децата.
Секоја Нобелова награда несомнено значи успех. И сите се важни, но ниедна друга не го одвлекува вниманието како што тоа го прави Нобеловата награда за мир.
Како никогаш досега, годинава беа номинирани 278 „мирољубиви луѓе“.
Според шпекулациите, најголем фаворит беше Папата Франциско. Доколку ја освоеше наградата ќе беше првиот поглавар на Римокатоличката црква кој го добил признанието. Откажувајќи се од повеќето привилегии кои ги носи функцијата на која се наоѓа, „рок ѕвездата“ го промени Ватикан, ја редефинира неговата улога и внесе свеж воздух во црквата.
Освен папата Франциско, тука е и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Покрај борбите со климатските промени, болестите, и глобалните предизвици, за Бан Ки-мун специфична е една работа – пораснал во војни и токму затоа работи за воспоставување мир во светот.
Денис Мукеге е лекар од Конго. Го посветил својот живот за лекување на раните на силуваните преживеани во источниот дел на Демократска Република Конго. Многумина патуваат стотици километри како би ги излечиле физичките и психолошките рани кај него.
Поранешниот работник во американската НСА кој е многу познат во јавноста Едвард Сноуден беше уште еден фаворит за Нобеловата награда за мир. Иако често опишуван како „предавник“, на Сноуден често му аплаудираат на храброста за изложувањето на злоупотребите од страна на американските разузнавачки агенции.
Листата на фаворити е некомплетна ако во неа го нема и претседателот на Уругвај Хозе Мухика. Често го опишуваат како најсиромашниот претседател на светот кој донира 97 % од неговата плата, вози Фолксваген буба од 1987 година и продава цвеќиња со неговата сопруга во нивниот дом. Мухика ги легализираше марихуаната и истополовите бракови во неговата земја.
Рускиот независен весник Новаја Газета без страв го критикува рускиот претседател Владимир Путин. Во моментите кога Русија е заглавена во судир со Украина, овој весник е можеби единствениот глас на разумот во Москва. Токму поранешниот претседател Михаил Горбачов ги искористи парите од Нобеловата награда за мир за да го стартува весникот во 90-тите.
Пацифистичката група Јапонците кои го чуваат членот 9 се разновидна група која се бори за зачувување на јапонската уставна одредба со која се забранува војна. Во време кога во светот има над 60 жаришта каде што се водат војни, ваквите групи се можеби најпотребните за зачувување на мирот.