Британскиот писател Казуо Ишигуро ја доби Нобеловата награда за литература за 2017 година,
Според Шведската академија Ишигуро е „писател чии дела имаат емоционална сила и го откриваат амбисот под нашето илузорно чувство за поврзаност со светот“.
Ишигуро е автор на осум книги кои се преведени на над 40 јазици.
Неговите романи „Остатоците од денот“ и „Никогаш не ме напуштај“ беа адаптирани во познати филмови со истоимени наслови.