Американскиот невролог Џон О’Киф и норвешкиот брачен пар Меј-Брит и Едвард Мосер се добитниците на овогодинешната Нобелова награда за медицина.
Тројцата научници успеале да објасни како мозокот создава „мапа на просторот околу нас и како можеме да се движиме по патот низ сложената животната средина“.
Собранието на Нобеловата Академија го опиша ова прашање како проблем кој ги окупирал филозофите и научниците со векови.
Наградата изнесува 1,1 милон долари. Со наградата за медицина почнува соопштувањето на добитниците на Нобеловата награда.
Меј- Брит истовремено е единаесетата жена во стогодишната историја на наградите која е одликувана со Нобеловата награда за медицина.
Утре и задутре ќе бидат соопштени добитниците на Нобеловата награда за физика и за хемија.
Најмногу шпекулации и годинава се плетат околу можниот добитник на Нобеловата награда за мир која се соопштува на 10 октомври. За неа се пријавени рекордни 278 кандидати.