Eдинаесет нобеловци му напишааа писмо на Владимир Путин во кое бараат од рускиот претседател отфрлање на обвиненијата против 30 Гринпис активисти и новинари.
Триесетте притворени, кои доаѓаат од 18 земји, се држат зад решетки од минатиот месец за време на протестите против вадење на нафта во Арктикот.
Потписниците – вклучувајќи го и надбискупот Дезмонд Туту – ги опиша обвиненијата на пиратерија како “прекумерни”.
Но, прес-секретарот на Путин, Дмитриј Песков, одговори дека претседателот нема моќ да влијае на судовите.
Гринпис активистите, кои се жалат на притворот во тешките услови, се соочуваат со 15 години затвор ако бидат осудени.
Досега сите кауции во случајот биле одбиени.
Холандија ја започна правната постапка за да се обиде да ги ослободи активистите и бродот, а повеќе од 1,4 милиони луѓе се приклучија на кампањата на Гринпис во која се бара нивно ослободување.