Еден ден пред концертот во арена „Борис Трајковски“, НОКАУТ промовира нов сингл насловен „Радувај се со мене“.
Автор на музиката е фронтменот на бендот, Никола Перевски-Пере, текстот е на Владимир Поп-Христов Мио, а аранжманот и продукцијата на Дарко Димитров.
Овој сингл е најава за новиот албум, кој НОКАУТ планираат да го издадат во текот на следната, 2016 година.
Концертот на НОКАУТ е закажан за 24.декември со почеток во 21.00 часот а специјален гостин на концерот ќе бидете Вие, односно публиката.