Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нормализација на злото

0
By Zoran Ivanov on May 17, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 17, 2026 20:12

А „наивни”стануваат токму оние кои се најгласни на семинари и говорници, т.н. борци за превенција на насилство и родови права – кои во моментот кога треба да проговорат, молчат. И целата приказна завршува со веќе познатата релативизација: „Вакви испади имало и ќе има”.

Стојан Бајрактаров

Кога членовите на еден од најпознатите спортски клубови во земјата, кој штотуку стана шампион, јавно навредуваат жена – и тоа Каролина, една од најпознатите македонски уметници – нормалната реакција би била: згрозеност, осуда, последици. Но ако наместо тоа добиеме молк или дури аплауз – тогаш проблемот одамна не е тој човек.

Проблемот сме ние.

Најопасниот момент за едно општество не е кога злото се случува — туку кога престане да се доживува како зло.

Нормализацијата на злото не е само отсуство на морал, ниту свесна одлука за аморалност.

Тоа е постепен, тивок процес во кој грубоста, агресијата и навредата стануваат стандардна — и дури очекувана – одлика на колективниот живот.

Моќта добиена од спортски успех не дава морален имунитет.

Титулата „шампион” не е дозвола за понижување. А општеството кое го дозволува тоа не толерира само една навреда – го толерира принципот дека силата е доволна замена за пристојност.

Со нормализацијата на злото следи баналност на деструктивноста: состојба во која агресијата поминува незабележано на секое ниво, прифатена како легитимно средство за заплашување и доминација, спроведена преку послушноста на оние кои одамна престанале да разликуваат што е прифатливо, а што не.

А „наивни”стануваат токму оние кои се најгласни на семинари и говорници, т.н. борци за превенција на насилство и родови права – кои во моментот кога треба да проговорат, молчат. И целата приказна завршува со веќе познатата релативизација: „Вакви испади имало и ќе има”.

Секој глас против оваа суспензија на моралноста е акт кој покажува дека овде сè уште живее нормална мисла. А молкот не е неутралност – молкот е предавство.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна стојан бајрактаров ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.