Норвешка неодамна ги објави најновите дизајни на пасоши и пари, кои очигледно се пријатно изненадување за многу од светските медиуми. И пасошите и парите се елегантни со минималистички дизајни кои зборуваат за природното наследство и убавина на земјата.
Пасошите се во три бои – бела, тиркизна и црвена зависи од тоа дали поседувате имигрантски, дипломатски или пасош за патување. Лицето на пасошот го краси дел од симболичниот грб на земјата.
Внатрешните страни се исполнети со најпознатите норвешки фјордови. Дизајнот е сугестивен во неговата едноставност.
А во темнина на истите страници се појавуваат „северните светла“:
И дизајнот на валутата естетски се држи до норвешкиот минимализам.
Другата страна на валутата содржи исто така слики поврзани со природата како на пример оваа:
За Норвежаните се вели дека се заљубени во морето. И затоа овие прекрасни дизајни не се изненадувачки. Крајбрежјето на земјата е фантастично а океанските територии ја направија Норвешка енормно богата прво од бакалар и харинга а потоа и со нафта.