Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов алгоритам за пациентите заболени од Ковид кои се на домашно лекување

0
By Нова ТВ on August 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во системот на МојТермин, е во функција новиот алгоритам за оздравување на пациенти заболени со КОВИД-19. Новиот алгоритам се однесува на пациентите на домашно лекување, но не ги опфаќа хоспитализираните пациенти, информираа од Министерството за здравство.

За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест.

За разлика од досегашниот алгоритам, каде со истек од 14 дена беше потребно да се добијат 2 негативни последователни тестови во 24-48 часа, согласно светските истражувања, сега еден пациент, доколку е асимптоматски во период од 10 дена, ќе се смета за оздравен на 11тиот ден.

Доколку еден пациент имал симптоми во текот на болеста – истиот ќе се смета за оздравен по истекот на минимум 20 дена, односно 21 ден само во случај ако последните 3 последователни дена немал симптоми на болеста.

Процесот на оздравување сега е во целост поврзан со Дневните извештаи кои ги пополнуваат матичните лекари за своите позитивни пациенти и Регистарот за позитивни КОВИД-19 пациенти.

Во Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин се проверува дали за секој нареден ден има пополнет дневен извештај од матичен лекар или негова замена. Доколку во 10 последнователни дена има дневни извештаи и истите се одговорени со не/нема: истоштеност, болки во зглобови и/или мијалгија, кашлица, искашлок, отежнато дишење, дијареа, а температурата на пациентот е помала од 37.5 тогаш добива статус – Предлог за оздравен.

Доколку во 10 последнователни дена има барем еден извештај каде на било кое прашање од погореспоменатите е одговорено со да/има, пациентот добива статус – Предлог за оздравен со истекот на минумум 20 дена (односно 21 ден) само во случај ако последните 3 дена се асимптоматски.

Доколку по истекот на 20 дена пациентот нема три последователни асимптоматски дена, предлогот за оздравен ќе биде после три последователни асимптоматски дена. Се додека пациентот не добие статус „Предлог оздравен“ истиот има статус „Болест во тек“.

Пристап до статусот на пациентите во Мој Термин ќе имаат епидемиолозите во Центрите за јавно здравје (ЦЈЗ). Секој Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) ги гледа само пациентите на кои матичниот лекар на пациентот се наоѓа на подрачје кое го покрива конкретното ЦЈЗ, а за пациентите кои немаат избрано матичен лекар (домашни или странски) пристап до статусот имаат сите Центри за јавно здравје.

За пациентите кои немаат избрано матичен лекар пополнувањето на дневните извештаи за состојба на пациентот го прави епидемиолошка служба од надлежниот центар за јавно здравје кој ја направил епидемиолошката анкета.

За потсетување, минатата недела Комисијата за заразни болести го усвои новиот протокол за ослободување на пациентите од изолација.

Откако кон крајот на мај, Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола и превенција на болести дадоа нови насоки/препораки за ослободување на пациентите од изолација, МАНУ анализираше повеќе од 10.000 тестирања и утврди дека кај пациенти кај коишто е дијагностициран SARSCoV-2 вирусот, независно од резултатот на последователното контролно тестирање, не е присутен виабилен – репликативно компетентен, односно вирус којшто може да е доволно силен за да предизвика зараза.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.