Нов бран протести против Жерновски
Нови протести и жесток отпор најави граѓанската иницијатива Веритас поради одлуката да се измени ДУП-от, а со тоа како што тие велат црквата Св. Констатин и Елена да се прогласи за
дивоградба а потоа да се урне.
Според нив невистинито е правдањето на Жерновски дека измените на ДУП-от не ја опфаќаат црквата, туку на парцели кои се наоѓаат околу хотел Бристол.
На ова одговори градоначалникот на Центар Андреј Жерновски. На својот фејсбук профил напиша:
„Како што изјавив, вистинските мотиви за нарачаните протести се сосема поинакви… Во превод, започнува новата операција за сечење дрвја и уништување на зелената површина. Треба да се градат нивните згради…“
Најави за протести има и од загрижени родители од Капиштец. Бараат градинка и училиште од Жерновски.