„Големото јаболко“ доби нов татко. Бил де Блазио како кандидат на Демократите убедливо го победи републиканецот Џо Лот.
Со освоени повеќе од две третини од гласовите, Де Блазио стана првиот градоначалник на Њујорк од Демократската партија во последните 24 години.
Иако на почетокот на кампањата не беше прв фаворит на Демократите, новиот 52 годишен градоначалник профитираше кога се откри нов секс-скандал на поранешниот конгресмен Ентони Винер, кој се обиде да се врати во политичкиот живот по откривањето на неговата прва афера.
Новиот градоначалник од први јануари ќе го замени градоначалникот Мајкл Блумберг кој три мандати го водеше Њујорк. Блумберг се повлекува по 12 години управување.
Тој се прослави со тоа што зема плата од еден долар, сам ја финансира својата кампања и не сака спонзори.