Во јапонската атомска централа „Фукушима“ која пред две години беше тешко оштетена поради земјотресот и цунамито, дојде до прекин на електрична енергија, која е неопходна за ладење на употребените ураниумски прачки.
Во соопштението на компанијата „Тепко“, под чија надлежност е електраната, се наведува дека се во тек проценките за причините за прекин на електричната енергија.
Портпаролот на „Тепко“, Кеничи Танабе изјави дека се прават сите напори за што побрзо стабилизирање на снабдувањето со електирчна енегрија.
Инцидентот се уште не го загрозува снабдувањето со вода за ладење за реакторите 1,2 и 3 во кои дојде до значително топење на јадрата брзо по земјотресот и цунамито во март 2011 година.
Температурата во сите базени со гориво е под безбедносната граница од 65 степени, но со секој изгубен час се зголемува за 0,3 до 0,4 степени.