Најмалку седум припадници на турските безбедносни сили загинаа а неколку други се повредени при нова експлозција на автомобил-бомба во Турција, ден по бомбашкиот напад во Анкара.
Како што јавуваат локалните медиуми, бомбата која била сокриена во автомобил била активирана со далечински управувач во момент кога воени автобуси чекале на црвено светло на семафор.
Експлозијата се случила на пат кон Дијабаркир, град кој е претежно населен со Курди.
При вчерашниот напад во Анкара, загинаа најмалку 28 луѓе а повредени беа околу 60.