Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов обид за компромис – мултидисциплинарната комисија разговара за Делчев и учебниците за седмо одделение

0
By Нова ТВ on April 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Историски и образовни прашања денеска тема на состанокот на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија составена од македонски и бугарски историчари.

Пред нив ќе се најдат прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев како и содржината во учебниците за седмо одделение.

Денешната 13. средба се одржува онлајн, Комисијата претходно се состана кон крајот на февруари, а тогаш Министерство за надворешни работи соопшти дека на средба не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, ниту согласност за прашањата поврзани со Средниот век.

За бугарскиот копретседател на Комисијата  Ангел Димитров 12. состанок заврши без напредок.

– Ние се уште сме во десеттиот век и нема чекор напред, изјави тогаш Димитров на брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи. Тој тогаш изјави дека се уште не е решен спорот околу цар Самоил и случувањата од периодот на крајот на Првото бугарско царство, бидејќи од македонска страна постоела целосна воздржаност да се спомене дека заедничката историја започнала во Средниот век и поради „двоен стандард во проценката за Самоил, во зависност од тоа дали станува збор за заеднички прослави или за текстовите во македонските учебници“.

Македонските членови на Комисијата тогаш брифираа дека понудиле неколку предлози за Цар Самоил кои претставувале чекор напред од нивните досегашни позиции, но дека бугарските колеги ги одбиле и останале на своите стари ставови кои како што рекоа „се во основата на спорот меѓу двете историографии.“

Тие рекоа дека нивните колеги од Софија инсистираат да се наметне еднозначно решение кое е туѓо за начинот на кој се надминуваат спорови што произлегуваат од различните и силно исполитизирани толкувања на минатото.

Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.