23 годишната Катерина Сабирова, за рускиот неделник „Њу Тајмс“, тврди дека не верува дека Берозовски кој го запознала пред четири години извршил самоубиство, и дека во нивниот последен разговор ден пред неговата смрт, гласот му звучел подобро отколку вообичаено.
-Планираше да дојде во Израел во понеделник на 25 март. Го знам тоа сигурно. Имаше големи планови, да оди до Мртвото море-рекла Сабирова и додава дека Берозовски бил депресивен, но не и самоубиствено настроен.
Според неа, Берозовски говорел “Замисли да не сум тука. Сите проблеми би исчезнале, но тоа не значи дека би се убил” додава таа.
Берозовски требало да се сретне со неа на аеродромот во Тел Авив. Тој сам го предложил тој пат на 18 март, затоа што неа и истекла британската виза.
Таа нагласува дека разговарала со него за писмото кое Берозовски му го испратил на рускиот претседател Владимир Путин, во кое тој бара прошка, а чие постоење го откри портпаролот на Путин, Дмитри Песков, по неговата смрт.