Претседател на Надзорниот одбор на СДСМ ќе биде адвокатот Мики Вуиќ, дознава НОВА од извори во партијата.
Како што најавуваат во СДСМ, ќе има промени и во челната позиција на Центарот за комуникации.
Социјалдемократите на Конгресот, кој се одржа во неделата го изгласаа и новиот Централен одбор на партијата- највисокото партиско тело.
Според статутот на партијата претседателот Зоран Заев има право да предложи уште 5 членови по свој избор, надвор од изгласаните 85.