Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов случај на непотизам: Ќерката на Чакаровски,советникот на Заев, работи во МАЛМЕД

0
By Менче Атанасова Точи on February 21, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стефанија Чакаровска, ќерка на Гоце Чакаровски кој е советник за здравство на премиерот Заев од пред една недела работи како секретарка-советник на заменик директорот во Агенцијата за лекови, Роберт Бекировски, дознава НОВА од свои извори.

Информацијата ја потврди и раководството на Агенцијата  за лекови (МАЛМЕД).  Чакаровска на ова работна место е со договор на дело, со оглед на тоа што се стопирани сите конкурси заради претседателските избори.

Извори за НОВА од Агенцијата велат за вакво работно место воопшто немало потреба, а нејзиното вработување било побарано од „горе“.

Роберт Бекировски кој сега е нејзин претпоставен, а претходно ја извршуваше функцијата директор на МАЛМЕД, беше разрешен партиски , а местото припадна на Алтернатива. Бекировски кој е кадровик на СДСМ пред еден месец започна да ја извршува функцијата заменик директор, откако  претходно, како што објави НОВА, беше сменет Законот за лекови, со што се отвори законска можност за именување на заменик директор во Агенцијата за лекови и во пакет со останатите јавни претпријатија и оваа институција доби заменик директор.

Нашите извори велат дека во МАЛМЕД немаат реална потреба од заменик директор, а не пак од негов советник или секретарка.

Гоце Чакаровски, советникот на Заев за здравство, вели дека неговата ќерка работи по договор на дело само на неколку месеци, а потоа ќе се повлече и ќе се врати во Словенија каде што студира.

„ Не се работи за непотизам. Мојата ќерка заради „икс“ причини се врати на неколку месеци во државата и потоа ќе се врати пак во Словенија каде што студира. Работи по договор на дело во МАЛМЕД, не е во редовен работен однос“, изјави за НОВА, Чакаровски.

Покрај Чакаровска во МАЛМЕД е примен и еден шофер, информатичар, архивар, еден фармацевт(иако како што велат, имало потреба од двајца), но во Агенцијата тврдат дека за нив имало реална потреба, а ќе биде распишан конкурс за редовен работен однос веднаш штом за тоа се создадат услови.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.