Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Несуден заменик директор на МАЛМЕД си направил канцеларија предвреме

0
By Менче Атанасова Точи on December 7, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 7, 2018 15:53

Поранешниот директор на Агенцијата за лекови(МАЛМЕД), Роберт Бекировски не работи веќе таму, откако во петокот минатата недела му завршил договорот, дознава НОВА.  Бекировски по назначувањето на новиот директор Ќахил Ибраими  стана негов советник, но бидејќи не му бил продолжен  Договорот на дело, тој си заминал од Агенцијата.

Бекировски е човекот за кој се шпекулира, дека заради него специјално се менува Законот за лекови, со што ќе се отвори законска можност за именување на заменик директор во Агенцијата за лекови. Како што стои во Предлог законот за лекови во „случај на отсуство на директорот од работа (користење годишен одмор, боледување, службени отсуства и др.) заменикот би го менувал бидејќи „се доведува во прашање ефикасноста во извршувањето на работите кои се во надлежност на директорот, што се одразува и на вкупното функционирање на Агенцијата за лекови.

Роберт Бекировски, екс директор на Агенција за лекови(МАЛМЕД)

Подносител на барањето за измени на законската регулатива е Министерството за здравство, а Законот откако во септември беше ставен на Енер на Влада, сега чека на второ читање во Собрание.

Но, процедурата со законските измени се одолжи, така што и канцеларијата која Бекировски си ја средил за себе, со месеци порано сега е празна.

Во фармацевтските кругови со месеци се зборуваше како Бекировски  заградил дел од салата за состаноци и направил просторија каде ќе работат Комисиите, а другиот дел си го средил за себе. Тој си ги земал и теписите во својата канцеларија која ја средил поубаво од директорската. Сето тоа се правело додека не бил назначен новиот директор, Ибраими.

НОВА дојде до фотографии на кои се гледа неговата убаво средена канцеларија која сега е празна, а на бирото стои негова слика заедно со премиерот Заев.

За сметка на тоа, канцеларијата на новиот директор на подот нема теписи, а канцеларијата која била  преградена со sид нема прозорци поради што членовите од Комисиите кои одлучуваат за лековите, не сакале да доаѓаат таму. Оваа информација ја потврди и новиот директор Ќахил Ибраими, кој рече му дал рок на Бекировски да ги урне зидовите и работите да ги врати првобитната состојба.

„Да, точно е. Членовите од Комисиите не сакаа да доаѓаат на состаноци бидејќи се гушеа, тука немаше воздух за дишење бидејќи просторијата која ја преградил нема прозорци. Јас му дадов рок од 3 недели да го урне sидот и да ги врати работите како што биле, што тој го стори“, изјави за НОВА, Ибраими.

Сега просторијата е вратена во нормала, но на sидот се уште стојат траги од “градбата“, на Бекировски.

Инаку, за спроведување на Законот за лекови, како што стои во образложението, потребни се дополнителни финансиски средства од Буџетот на Република Македонија за обезбедување на плата и други надоместоци за заменик на директорот на годишно ниво од 802.000 денари. Тоа значи дека платата на заменик директорот месечно ќе изнесува 1100 евра.

Во Агенцијата за лекови досега немало заменик директор. Извори од таму велат дека нема потреба за заменик бидејќи и да патува директорот на неколку дена, процедурите кои што ги врши, се долготрајни и не изискуваат никаква итност.

Згора на се, Законот за организација и работа на органите на државната управа во член 52, став 3 и 4, а и во самиот Закон за лекови предвидено е во отсуство на директорот тој да може избере заменик од редот на вработените.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 9, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

ВЕСТИ August 9, 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се оградува од именувањето на разузнавачот Киро Тодоровски за претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена,…

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.