Нов трговски центар „Кепитол“ се гради во скопската населба Аеродром, кој ќе има и резиденцијален дел, јавува skopjeinfo.mk.
На површина од 33.500 квадратни метри и 450 паркинг места на булеварот Јане Сандански, наспроти трговскиот центар Бисер ќе никне нов трговски центар. Инвеститори се компаниите Сити плаза, Пера констракшн и Стон бриџ.
На приземјето ќе бидат сместени Супер Маркетот Рамстор, банкарски простории, оптика, аптека, накит и козметика, фото студио, кафе продавници, телекомуникациски услуги, инфо центар и друго.
На првиот – разни меѓународни текстилни брендови. На вториот кат ќе бидат детските продавници, продавници за играчки, фитнес центар, и продавници за спортска облека.
На третиот кат ќе има забава, рекреација, ресторани за брза храна и секако широк и опуштен поглед на Скопје.