Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА дознава: Филипче во преговори со австриска фирма за новиот Клинички

0
By Менче Атанасова Точи on February 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извори за НОВА тврдат дека изградбата треба да се случи со концесија без јавен тендер и најверојатно со готов проект од компанијата бидејќи е неизводливо за до крајот на годината да се подготви главен, идеен проект и физибилити студија

Новиот Клинички центар најверојатно нема да се гради со кредит од Банката на Советот на Европа. НОВА од добро упатени извори дознава дека се преговара со австриската компанија„ Вамед“ која би го градела грандиозниот објект во населбата Ѓорче Петров, веројатно преку јавно приватно партнерство или по пат на концесија.

Наводно, при неодамнешната посета на Австрија на владина делегација меѓу кои и министерот Филипче, на чело со премиерот Заев било разговарано за ова со челниците во „Вамед“. Од друга страна пак, од компанијата побарале гаранција од австрискиот канцелар Себасијан Курц дека нашата Влада ќе го почитува договореното според условите кои ги договарале за тие да го градат Клиничкиот центар.

Истите извори тврдат дека изградбата треба да се случи со концесија без јавен тендер и најверојатно со готов проект од компанијата бидејќи е неизводливо за до крајот на годината да се подготви главен, идеен проект и физибилити студија. Во исто време треба да се направи и Урбанистички план од страна на Општина Горче Петров, а потоа и Проектна програма.

Министерот Филипче деновиве најави дека темелите на новиот Клинички центар треба да се удрат до крајот на оваа година. Но, тој досега не излезе во јавноста со проект како ќе изгледа новиот Клинички центар, а го најавува без да објасни дали ќе има тендер, кој ќе го гради и со кои пари ќе се финансира изградбата.

Претходниот проект за објектот кој требаше да се гради до зградата на Клиниката за гинекологија пропадна, а со него и парите од кредитот на Банката на советот на Европа. Владата процени дека местото не е соодветно за изградба на таков објект, а најмногу заради тешката пристапност до него по улицата „Водњанска“, сега „Мајка Тереза“.

Неофицијално, НОВА од свои извори дознава дека Банката се согласила да и даде нов заем на државата во износ од 400 милиони евра за изградба на новиот Клинички центар, но преговорите тргнале со фирмата „Вамед“, и најверојатно со заем од австриски банки.

Извори во Министерството за здравство велат дека никој ништо официјално не знае, но дека се „шушка“ дека Клиничкиот центар нема да се гради со заем од Банката.

Во Проектната единица на Банката на советот на Европа велат дека не се информирани за ваква можност.

„Не сме информирани дека изградбата нема да оди преку Проектната единица, никој не ме викнал да ми каже такво нешто. Изградбата на Клиничкиот центар ќе биде најголем проект во државата досега и тоа не може да оди без Проектната единица“, изјави за НОВА Љупчо Балковски, раководител на Проектната единица при Банката за развој на Советот на Европа.

Во Министерството за здравство најавија дека во текот на утрешниот ден ќе објаснат се околу изградбата на новиот Клинички центар.

Инаку, компанијата „Вамед“ гради објекти низ целиот свет и тоа најчесто со јавно приватно партнерство. Меѓународното портфолио на „Вамед“ го опфаќа целиот синџир на вредности од развојот на проекти преку планирање и изградба на здравствена установа, до високо специјализирани комерцијални, инфраструктурни и технички услуги, стои на нивната веб страна.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.