Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА дознава: Родителите на Мицковски кои имаат Ковид, хоспитализирани во Систина

0
By Нова ТВ on June 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Родителите на Христијан Мицковски, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ се хоспитализирани во приватната болница „Аџибадем Систина“, дознава НОВА од свои извори во болницата.

Нашите извори велат дека и двајцата имаат Ковид-19, но веројатно се примени со други дијагнози како примарни, па изолирани во посебен дел, бидејќи болницата и официјално се изјасни дека нема да прима пациенти со Ковид, освен ако веќе не биле примени со друга дијагноза и се затекнале таму.

Мајка му е примена минатата недела, најверојатно на 24 јуни, а после неа и неговиот татко. Здравствената состојба на неговата мајка веќе била значително подобрена. Таа неколку дена пред приемот била позитивна на Ковид , информација која ја потврди и самиот Мицковски пред 10 дена при посетата на Струмица.

Тој тогаш рече дека не се видел со неа подолго време поради ризикот на кој е изложен од средбите и разговорите со повеќе луѓе и нагласи дека сите кои биле во контак со неа се во самоизолација.

„Веќе неколку дена, би рекол 5-6 дена е во домашни услови и посакувам добро здравје, за жал и кај нас во семејството ја почувствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во борбата против овој вирус. Многу сериозен е овој вирус и луѓето кој што го имаат, сериозно го преживуваат“, изјави тогаш Мицковски.

Нема официјална потврда за оваа информација од болницата Аџибадем Систина, кога НОВА праша дали неговата мајка за која Мицковски претходно потврди дека е позитивна е примена во болницата.

„ Ставот на болницата е дека го почитуваме Законот за заштита на лични податоци и никогаш не сме спомнале имиња и презимиња на пациенти, ниту во минатото, ниту сега’, велат за НОВА, од болницата Аџибадем Систина.

За да ја провериме и официјално оваа информација веќе неколку дена наидуваме на молк и од здравствените власти од каде тврдат дека немаат податок за такво нешто. Министерот Филипче рече дека нема информација за ова.

“Не знам, да прашам“, рече министерот Филипче и се заврши на тоа.

Министерот Филипче пред неколку дена на прес конференција соопшти дека се мобилизираат и јавните и приватните болници за Ковид 19. Тој рече дека од приватните болници на располагање ќе бидат ставени клиника „Жан Митрев“, болниците „Аџибадем Систина“ и „Ремедика“.

Веднаш потоа од  болницата стигна соопштение во кое се вели дека не примаат пациенти со Ковид, освен тие кои за време на приемот и подготовката на интервенцијата е добиен позитивен тест за коронавирус.

„Согласно новата уредба на Владата, како и почитувајќи ги сите морално-етички и медицински принципи, ве известуваме дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не овозможува третман на пациенти позитивни на Ковид-19, освен пациенти кај кои за време на приемот и подготовката за интервенција е добиен позитивен тест за коронавирус, а истите се во животно-загрозувачка состојба и е потребен итен третман.

Болницата уште од самиот почеток има протокол во кој сите хоспитализирани пациенти се тестираат за коронавирусот со PCR брз тест, и со тоа сме единствени во нашата држава.

За време на интервенцијата се почитуваат сите безбедносни протоколи за заштита на персоналот, а потоа пациентите се префрлаат во целосно изолиран и посебно опремен дел за нивен третман, кој се наоѓа во посебно издвоен дел во болницата.

Со тоа, болницата на највисоко ниво ги заштитува другите пациенти и персоналот од пренос на вирусот. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не прави прием на позитивни пациенти кај кои е потребен третман на болеста Ковид-19.“, се вели во соопштението до болницата.

Инаку, медиумите денеска му забележаа на Мицковски дека не дава добар пример со своето однесување во време на пандемија. Тој оди на собири со маска и ракавици, но не одржува дистанца, се поздравува со присутните и со истите ракавици крши леб што му го нудат.

Видео снимка од митинг во Јагуновце на која се гледа како се прекрстува, го крши и го јаде лебот со истите раквици, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови …

ВЕСТИ October 18, 2025

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат…

ЦИВИЛ со нова акција: Прес центар и нтензивна комуникација со јавноста в недела за време на претстојниот изборен ден

October 17, 2025

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

October 17, 2025

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.