Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА дознава: Срцето на пациентката не издржало бидејќи имала многу болести

0
By Менче Атанасова Точи on November 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мајката на напаѓачот кој утринава пукаше во хирургот, починала во шок соба откако и откажало срцето по операцијата која и била извршена синоќа. Според информациите до кои дојде НОВА, првичната хистопатолошка анализа покажала дека пациентката имала рак предизвикан од камења во жолчното кесе. Лекарите велат дека таква состојба се создава со години и болеста веќе била во терминална фаза.

Пациентката била хоспитализирана пред четири дена на Клиниката за абодоменална хирургија, по што била вратена дома за да и се смират болките, за да може да биде оперирана.

Но, состојбата се влошила и синоќа околу 20 часот била повторно донесена на Клиниката. Кај неа бил откриен гнојник во жолчникот, рак предизвикан од камења во жолчката, но бил утврден и перикардит, односно воспаление на срцевиот мускул, застој во едниот бубрег, излив на белите дробови и уште неколку други заболувања.

Синоќа жената била оперирана од хирургот Љубомир Огненовиќ , кој го менувал својот колега на работното место. По операцијата жената била однесена во шок соба, но по неколку часа и откажало срцето и таа починала.

Во седум часот изутрина бил повикан нејзиниот син кој на клиниките дошол наоружан со пиштол. Влегол во кабинетот на хирургот Љубомир Огненовиќ кој го примил љубезно и се обидел да му објасни што се случило. По ова, напаѓачот започнал да пука, го погодил докторот три пати во ногата, а медицинската сестра успеала да се спаси. Во лекарската соба биле испукани 5-6 куршуми кои завршиле во sидовите и во мебелот.

На Клиниката за абдоменална хирургија откажани се сите операции кои биле планирани за утре. Лекарите се револтирани, тие за НОВА велат дека не знаат до кога ќе потрае ваквата ситуација.

*Тодоров чувствува одговорност, но не можел да спречи поединечни настани

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.