Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА дознава: Вториот човек на Агенцијата за храна е осуден за четири кривични дела

0
By Менче Атанасова Точи on March 29, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 29, 2019 17:12

Четири години заменик директор на Агенција за храна и ветеринарство е Фирус Мемед иако е осуден за четири кривични дела во 2015 година. Мемед кој во тоа време бил директор на Државниот инспекторат за животна средина го признал делото за четирите кривични дела и бил казнет парично, потврдија за НОВА од Основен суд Скопје 1. Поранешниот директор на Државниот инспекторат за животна средина бил уапсен и лишен од слобода на 19.10 2015 година.

Кривичните дела кои ги сторил тогаш, сегашниот втор човек на АХВ, Фирус Мемед се: Примање поткуп по член 357 став 2 од КЗ, Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 2 од КЗ и две кривични дела за Несовесно работење во службата по член 353 в став 1 од КЗ и член 353 в став 23 од КЗ.

Фирус Мемед, заменик директор на АХВ

Во Основното јавно обвинителство одговорија дека на Мемед му била изречена осудителна пресуда, а на детали не упатија во надлежниот Суд.

„Во споменатиот предмет, постапката против лицето за кое покажувате интерес е завршена по признание на вина и на лицето му е изречена осудителна пресуда. За деталите од пресудата во поглед на изречените санкции и мерки, ве упатуваме да се обратите до надлежниот суд“, се вели во одговорот на ОЈО, за НОВА.

Во Основен суд Скопје 1 за НОВА потврдија дека осудителната пресуда за четирите кривична дела завршила со признание на вина од страна на обвинетиот и за тоа поминал само со парична казна од 1000 евра.  

„Во однос на вашето прашање ве информираме дека во однос на предлогот на Обвинителството за лицето за кое прашувате оформен е кривично правен предмет К.бр. 1040/17 кој е завршен и правосилен со признание на вина од страна на обвинетиот и истиот е казнет со парична казна од 61.500 денари, тврдат за НОВА, од Основен суд Скопје 1.

Како што може да се види од Решението до кое дојде НОВА, на Мемед му биле изречени мерки на претпазливост по предлог на ОЈО кои Судијата на претходна постпапка ги прифатил.

Според овие мерки Мемед не смеел да се одалечува надвор од границите на државата, секоја среда требало да се јавува на овластено лице во Судот, а била определена и мерка на претпазливост-забрана на преземање на работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Мерката забрана за преземање на определени работни активности се дека не смее да врши работни задачи кои ги извршувал по систематизацијата на работно место во Државниот инспекторат за животна средина, а кои се поврзани со кривичното дело.  

Според извори на НОВА, по ова Мемед во ист ден, одненадеж бил префрлен од Државниот инспекторат за животна средина каде директорувал, во Агенцијата за храна и ветеринарство на одговорното работно место како заменик директор на АХВ.

Во Основен суд Скопје 1 велат дека мерките на претпазливост важеле до правосилноста на пресудата, а дали му е прекинат работниот однос препорачаа да се обратиме до неговиот работодавач бидејќи Судот не е надлежен за тоа.  

Сето ова, како и префрлањето на осудениот Мемед во АХВ се случувало во време на претходната власт во 2015 година, а надлежна за Агенцијата за храна и ветеринарство е токму Владата.

НОВА упати прашања до Владата, дали е запознаена дека на местото заменик директор во Агенција за храна, четири години е лицето Фирус Мемед, кој бил осуден за четири кривични дела и за тоа ја признал вината. Дали сметаат дека осудувано лице, без разлика на тоа што ја признал вината може да биде на вака одговорна функција, како втор човек на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во Владата велат дека по добиената информација во однос на лицето, започнале проверка на фактичката состојба и по завршувањето на сите проверки и утврдување на околностите, Владата ќе даде конкретен одговор како ќе постапува понатаму.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.