Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА ексклузивно со детали од Акцискиот нацрт- план на Владата

0
By Биљана Секуловска on June 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нацрт-планот на реформски активности на Владата, кој беше презентиран на вчерашната средба (29 јуни) на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и странските амбасадори од ЕУ и САД, а до кој дојде ексклузивно НОВА, е заснован на дел од препораките на поранешен директор во ЕК, Рејнхард Прибе, но станува збор за нецелосен и полн со слабости документ, што претставувала една од забелешките на опозицијата, дознава НОВА од извори блиски до преговарачките тимови.

Проблематичноста не се состои во тоа што на преговарачката маса премиерот Груевски понудил само Нацрт-план, туку затоа што во него изостануваат клучните стратегии и начинот на кој би биле имплементирани овие реформи, како и што не се доставени одредени зацртани рокови – две исклучително важни прашања, кои воопшто не се споменуваат во Листата на Владата.

Освен тоа, овој Нацрт-план е исклучиво подготвен од актуелната Влада со која раководи Груевски и вчера беше презентиран токму од него, но доколку дојде до приближување на ставовите и конечен договор помеѓу опозицијата и власта, Планот би претрпел сериозни измени, со оглед на фактот што Европската комисија очекува Акциски план изработен од сите политички субјекти, а СДСМ, според најавите би го вклучила го и партиципирањето на граѓанскиот сектор, кој тесно соработува со СДСМ, во креирањето на политики низ овој период.

Самиот Нацрт-план или Листата на итни реформски приоритети изготвена од Владата се состои од 9 точки, во кои се вклучени: Владеење на правото и правосудството, Деполитизација на јавната администрација, Изборни реформи, Имплементација на препораките на Анкетната комисија, Медиуми: Слобода на изразување, Фундаментални права: Заштита на малцинствата и ранливите групи, Меѓуетнички односи, економско управување (вклучувајќи и управување со јавните финансии) и Препораки од групата од високи експерти за системските прашања за владеење на правото.

Владата нотирала дел забелешките, односно препораките на експертите предводени од Прибе и според нив изработила предлог – реформи, при што во одредени графи ги одредила следниве точки: Препораки – дел од нив се наведени, Институции – учесници – објавени, Рок за реализација- не е доставен, освен за неколку реформи во некои поглавја, Реализација- не е опишан планот на кој начин би се спровеле реформите, односно препораките доставени до Владата од страна на Експертската група на Прибе – на кој начин би се департизирале останатите власти како судство, медиуми и генерално, институциите, на кој начин би се оневозможило мешање на Владата во останатите власти- судство и медиумите (во зрелите демократии често дефинирана како четврта власт), како би се спречила корупцијата и на кој начин би се одвивала борбата против неа и останатите неопходни акти на делување. Како последна графа се нотирани Забелешки- кои се однесуваат на институции кои би реализирале или сегашни активности за кои Владата вели дека ги презема.

Следните денови се клучни, велат извори за НОВА, блиски до преговарачите, затоа што доколку после десетина дена изостане конечно решение за политички договор, пропаѓа и договорот од 2 јуни, каде беше зацртан април идната година како изборен месец. Со секое поместување и оддолжување на договор, се поместува и датумот за предвремени избори, со оглед на преобемноста на реформите, кои е невозможно да се реализираат во временски тесен рок.

Најголемиот камен на сопнување останува улогата на Груевски- додека тој инсистира да ја предводи идната, преодна влада а како што траат преговорите, станува се пофлексибилен за нудење на министерски и други позиции на опозицијата, лидерот на СДСМ не отстапува од барањето изградено и во партиско- граѓанската коалицијаГруевски да ја отстапи премиерската фотелја на човек прифатлив за сите страни.

Во деновите кои претстојат, се очекуваат интензивни средби на странските фактори со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а доколку пропаднат обидите за договор, се најавуваат и понатаму преговори и разговори, но со фиксирање на друг датум за избори, како и предлози за решенија и реформи со кои поквалитетно би се надминал транзицискиот период до предвремените избори.

>>ЕК: Неодамнешните откритија ги потврдија сомнежите за изборни нерегуларности

>>Извештајот на ЕК: УБК или нарушување на повеќе права на целата држава

>>Извештајот на Прибе за медиумите: Новинарите работат со страв

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.