Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова „гасна војна“ помеѓу Русија и Европа?

0
By Нова ТВ on March 10, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европа и Нафтогас го зголемија увозот на рускиот гас откако се заострија руско-украинските односи. Стручњаците го поставуваат прашањето: нè чека ли нова „гасна војна“?

Од 1 февруари испораката на гас надвор од границите на поранешниот Советски Сојуз пораснаа за 8% (до 476.5 милиони кубни метри дневно). Увозот на гас од страна на Нафтогас од Украина порасна за двапати (до 45 милиони кубни метри дневно), анализира
Руска реч на македонски.

Рускиот аналитичар Константин Симонов, генерален директор на Фондот за национална енергетска сигурност, не ја исклучува можноста растот на обемот на пумпање гас во европските подземни складишта да е поврзан со украинскиот фактор.

Зашто Европејците знаат до каде може да дојде работата“, вели Симонов. Европа се подготвува за губење на испораката на рускиот гас преку Украина, а Киев на целосно исклучување од рускиот гас, вели Михаил Корчемкин, шеф на компанијата за консалтинг East European Gas Analysis.

Теоретски гледано „гасна војна“ може да настане од неколку причини: поради откажување од Страна на Русија за испорака на гас за Украина, зашто таму не плаќаат за него и земаат помалку одошто е предвидено во договорот, или откажување на самата Украина да купува руски гас по 400 долари за илјада кубни метри, или поради можното уништување на украинскиот гасовод.

Но, стручњаците не очекуваат дека ќе започне „гасна војна“ и дека ќе запре испораката на гас во Украина. Тоа не е исплатливо за Русија. Поради прекинувањето на испораката на гас во украинскиот гасовод Гаспром ќе остане без третина од извозната добивка, а тоа се 10 милијарди долари, вели Корчемкин. „Финансиските санкции на САД ќе го искомплицираат добивањето заеми од банките за руските државни компании, па Гаспром нема да има пари за изградба на Јужен тек“, објаснува тој. Украина и Европа можат, според неговото мислење, да издржат само до следната зима.

Како што е познато, рускиот гас не доаѓа во Европа само преку Украина, туку и преку Северен тек. Ако запре испораката преку Украина и ако во целост се оптовари Северен тек, Европа ќе добива приближно две третини од она што е предвидено според договорот, пресметал Корчемкин. Запирањето на испорака на гас, според него, ќе се почувствува само во Словачка. И во Европа има уште резерви на гас во подземните складишта и на промптниот пазар.

Но, наесен темата за гас повторно ќе се заостри поради потребите од пумпање гас во подземните складишта на Украина, за во следната грејна сезона да има гас за сите, и за Украина и за Европа, смета Симонов. Станува збор за тоа дека рускиот глас во Европа доаѓа транзитно преку територијата на Украина. Но, всушност сè се одвива сосема поинаку.

Назима Украина ѝ дава гас на Европа токму од своите складишта, бидејќи се наоѓаат покрај европските граници. А, оној транзитен гас, кој демек оди од Русија во Европа, Украина всушност го зема за себе. На крајот се добива следнава шема: Украина мора да даде исто толку гас од своите гасни складишта во Европа колку што има земено на границата со Руската Федерација.

Според тоа, доколку Украина не испумпува доволни количества гас во своите складишта, постои опасност за попречување на транзитот на гас во Европа и неизвршување на своите обврски од страна на Киев како вршител на овој транзит. Украина сама по себе воопшто нема да страда од недостиг на гас, зашто Киев и понатаму мирно ќе зема гас од цевководот на границата со Руската Федерација.

„Пумпањето во складиштата треба да започне кон крајот на летото. Се плашам дека револуционерната власт воопшто не го зема тоа предвид. За наесен може да се прогнозира сериозна гасна криза“, вели Константин Симонов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.