Во близина на Камениот мост во Скопје, кај поранешната „Црвена општина“, осамнаа табли испишани на македонски и на албански јазик, на кои се прикажува порака за „скок од 300 отсто на социјалната помош“ во последните четири години.
„Социјална помош за четиричлено семејство во 2019 година – 10.700 денари, социјална помош за четиричлено семејство во 2016 година – 3.3400 денари“, се двете пораки што алудираат на разлика во сумата за корисниците на социјалниот трансфер во владеењето на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.