Според информациите на МВР приведени се 30-годишна скопјанка и нејзиниот татко, кои продавале станови по екстра поволни цени од само 500 евра квадрат во згради во изградба.
На една сметка се откриени над 800.000 евра, повеќе детали од МВР ќе објават на прес конференцијата во 13 часот.
Измамените плаќале по 15-30.000 евра на нивната трансакциска сметка, но не добиле никаков договор за стан.