Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА на Идомени: Фицо и Спасовски држеа конференција, бегалците молеа за помош

0
By Сашка Цветковска on March 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словачкиот премиер Роберт Фицо, придружуван од страна на словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калињак претладнево дојдоа на македонско – грчката граница каде заедно со министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски каде одржаа прес конференција до самата жичана ограда.

Додека функцинерите држеа прес конференција, од другата страна на оградата, бегалците во солзи молеа да бидат пуштени да го продолжат патувањето.

-Ве молам не не оставајте тука да умреме. Немаме каде да се вратиме, молеше еден од групата, додека на едната страна беше бројната словачка и македонска полиција, а од другата страна истоштените илјадници бегалци.

Активисти и дел од странските новинари беа вчудоневиени од настанот и ги прашуваа финкционерите како се чувствуваат да држат прес конференција додека полицијата парадира пред очите на бегалците.

Министерот Спасовски изјави дека му е жал за илјадниците луѓе овде, но како жто рече “мојата работа е да ја браам македонската полиција и Македонија“.

– Исто така не е во ред овие луѓе да ја напаѓаат нашата полиција, изјави Спасовски, додавајќи дека се спремни да одговорат на тие напади.

Словачкиот премиер рече дека неговата земја е тука за се што и треба на Македонија во однос на оваа криза.

Додека говореа тие двајца, припадници на словачката полиција беа залепени за жичаната ограда и со мобилни телефони се фотографираа со бегалците.

Никој од делегацијата не ги праша бегалците како им е. Една од големите британски ТВ куќи СКај њуз во јавувањето, прес конференцијата ја оцени како катастрофа.

НОВА веќе трет ден ја следи ситуацијата на македонско- грчката граница кај Идомени. Од другата страна има околу 12.000 бегалци, а нови постојано пристигнуваат. Во кампот се чека километарска редица за лекарска помош, а ограничен е и пристапот до храна и лекови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.