Денеска се засилува потрагата по исчезнатиот малезиски Боинг 777 под контрола на австралиските власти.Девет авиони ќе летаат над јужниот дел на Инискиот океан.
Потрагата е визуелна и ќе се прави преку радари, велат надлежните. Од голема помош се и Кинеските сателити, врз база на чии податоци ќе се движат авионите, пишува СиЕнЕн.
Австралија влева надеж во истрагата и вели дека се многу блиску да најдат одговори на прашањата за исчезнувањето на авионот.
Премиерот на Австралија, Тони Абот упати надеж и повика на верба.
„Сега имаме голем број на веродостојни показатели во истрагата и надежта е голема“, рече Абот.