Група од стотина Курди насилно упаднаа во Европскиот парламент, во знак на протест против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Обезбедувањето на ЕП брзо беше совладано, а Курдите заземаа едно од централните места во зградата на парламентот, јавува новинарот Борјан Јовановски од Брисел.
Во моментов обезбедувањето на ЕП е комплетно збунето соочувајќи се за првпат со ваква ситуација.
Новинарот на НОВА, Борјан Јовановски е во Европскиот парламент и ја следи ситуацијата.