По силните поплави и лизгање на земјиштето се појави нова опасност во БиХ која е предизвикана од поместување на мини и мински полиња во 27 општини во оваа држава.
Како што јавуваат тамошните медиуми, опасните површини на тоа подрачје во моментот изнесуваат 106 километри квадратни, додека пред поплавите изнесуваа само 41 квадратен километар.
Од Центарот за отстранување на мините во БиХ апелираа до граѓаните да избегнуваат движење покрај реките, чии корита или брегови се граничат со регистрираните сомнителите мински површини.