НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА открива: Случаите со хеморагична треска биле доцна пријавени

0
By Менче Атанасова Точи on August 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двата смртни случаи со хеморагична треска-хантан,  Клиниката за инфективни болести не ги пријавила веднаш во надлежните институции иако законот налага тоа да се направи во рок од 24 часа, дознава НОВА од свои извори.

Информацијата до која дојде НОВА ја потврдија и во Институтот за јавно здравје.  Двата смртни случаи на 50 годишниот човек и неговиот 23 годишен син од гостиварско Симница, Клиниката за инфективни болести писмено ги пријавила дури на 28 ми јули иако таткото почина на 24  јули, а синот на 26 јули. Од таму тврдат дека од Клиниката за инфективни болести не добиле ниту усно, ниту писмено известување за сето ова.

„ Двете пријави се испратени на 28 ми јули. Ова не е првпат да се доцни со пријавување. Најголем проблем е дата базата, системот з а пријавување доцни, но секако улога игра и човечкиот фактор.  Секој сомнеж подлежи на итно пријавување“, потврдија  за НОВА во Институтот за јавно здравје.

Нејасно е како течела комуникацијата, кој на кого се јавувал по телефон во целата збрка и опасноста која ја крена јавноста на нозе. Извори во Министерството за здравство велат дека комуникацијата во вакви и слични случаи со Инфективна клиника и со Комисијата за заразни болести често се одвивала тешко.

Експертите од Институтот објаснуваат дека од Клиниката за инфективни болести требало прво да го известат Центарот за јавно здравје во Гостивар. Но, одговорниот епидемиолог од овој град вели дека тој бил известен усно на 26 јули, но не од инфективната клиника туку од колеги од Институтот за јавно здравје.

„Ми се јавија на 26 јули и јас го прекинав одморот,  на 27 јули се вратив. Известен бев од  колегите од Институтот за јавно здравје. Веднаш по ова ги превземавме сите неопходни мерки за дезинфекција и дератизација на бачилото во Симница“, изјави за НОВА Војислав Огњанов епидемиолог.

За разлика од Институтот и Центарот за јавно здравје во Гостивар, претседателот на Комисијата за заразни болести и од пред два дена екс директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ тврдеше дека случајот е пријавен во првите 24 часа, како што е утврдено со закон.

„Пријавено е  веднаш во првите 24 часа како што налага законот“, изјави Миленковиќ на прес конференција мината недела.

За двата смртни случи и уште седум други Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, медиумите ги информираа истиот ден бидејќи поедини информации  веќе излегоа во јавноста.

Екипа епидемиолози од Институтот за јавно здравје и од Гостивар и Тетово на чело со Гордана Кузмановска веднаш се упатија во бачилото во гостиварско село Симница. Тие беа првите луѓе што стапнаа на овој терен иако се уште не беше утврдено за каква заразна болест станува збор бидејќи резултатите од анализите се уште не беа готови.

 

Дури потоа кога веќе се утврди дека се работи за хеморагична треска-хантан, на терен се упатија екипи на Агенцијата за храна со ветеринари и други тимови.

„Целиот терен внатре и околу бачилото се дезинфицирани и е извршена дератизација. Ние секојдневно сме во контакт со луѓето и следиме што се случува“  вели епидемиологот Огњанов.

Останатите луѓе кои беа хоспитализирани веќе се пуштени дома и кај нив не е најдено ова опасно вирусно заболување, кое го пренесуваат полските глувци. Но, во ситуација кога постоел сомнеж, кога биле донесени пациентите требало клиниката веднаш да алармира. Постојат болести кои се од национален интерес , меѓу кои  е и ова заболување и тука не смее да се импровизира ,  велат експертите.

Двајца пациенти татко и син починаа во разлика од два дена. Среќа во несреќа е што болеста не се пренесува од човек на човек, инаку можело да дојде до катастрофални последици, потенцираат нашите извори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.