Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова рута: 100 илјади бегалци чекаат влез во Европа преку Медитеранот

0
By Нова ТВ on April 30, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Абдул Кадир Моалим од прва рака видел како изгледа пеколот. По потекло е од  Сомалија, израснат во ужасите на граѓанската војна. Потоа решил да си замине од земјата, бегајќи прво во кампот во Јемен, каде го дочекале саудиските бомби, од каде заминал за Либан, право во срцето на Исламската држава. Конечно успеал да се качи на брод и да замине во Европа каде криумчирати со луѓе му ги зеле последните пари.

Кон средината на април со трошен дрвен чамец успеал да стигне до брегот на Грција. Повеќето од половината од луѓето кои со него заедно ја напуштиле Либија, попатно се удавиле. Моалим успеал да пристигне до Каламата каде го пречекале спасители. Кога репортерот на Би би си го прашал што има да им порача на оние кои останале во Африка, тој вели: „Ова е толку опасно. Преживеав единствено затоа што Бог имал други планови за мене. Верувајте во својата земја и не на напуштајте така лесно“.

Моалим со свои очи гледал како повеќе од 500 Сомалијци, Еѓипќани и Суданци испаѓаат од претрупаниот брод среде Медитеранот и се дават, додека криумчарите со луѓе ладнокрвно продолжуваат понатаму.

Европа продолжува најголемиот фокус да го става на бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан, често заборавајќи на фактот дека бројот на мигрантите од субсахарска Африка постојано расте од месец во месец. Само во 2015. година 108.000 Африканци по илегален пат стигнале во Европа, покажуваат податцоите на Фронтекс.

Според податоците на УНХЦР во овој момент има 60 милиони раселени луѓе на планетата. Повеќе од половината од раселените се по принуден пат, поради војни судири и доаѓаат од африканските земји. Покрај тоа, луѓето бегаат и од катастрофалните суши и глад, пред се од земјите како Еритреја и Етиопија.

Вкупните податоци покажуваат дека само минатата година дури 1.3 милиони луѓе побарале азил во земјите од ЕУ. По затворањето на балканската рута, бегалците продолжуваат на патот преку Медитеранот, пишува германскиот весник Дер Шпигел.

begalci1

 

Како што се затвораат рутите, како онаа преку Балканот, мигрантите наоѓаат нови. На криумчарите не им е проблем да се приспособат на промената на рутите, а за префрлање во Европа наплаќаат големи пари, и притоа не ја гарантираат безбедноста. Почнаа нашироко да го рекламираат својот бизнис, а имаат и групи и страници на социјалните мрежи.

Поради скапите карти, мигрантите пронашле и друг начин да стигнат до Европа. Имено, се качуваат не неопремен чамец и штом излезат околу 12 наутички милји од територијалните води на Либија, праќаат повик за помош, кој европските служби се должни да го испочитуваат и сите загрозени ги префрлаат на сигурно – во Европа.

На оваа практика неколку пати предупреди австрискиот министер за надворшени работи Себастијан Курц, нарекувајчи ја „евтина карта за Европа“.

На минатонеделниот состанок во Луксембург тој заговараше заострена контрола на морето, нудејќи и на Либија помош за формирање крајбрежна стража која ќе ги спречува мигрантите слободно да испловуваат.

На африканскиот континент живеат 1.2 милијарди луѓе, а бидејќи тој број до 2050 година двојно ќе се зголеми (според сите проценки) може да се очекува поголем бегалски бран кон Европа.

На удар најмногу ќе биде Италија, чии капацитети за прием на мигранти (110.000 луѓе) одамна се надминати. Премиерот Матео Ренци неколку пати ги предупреди европските сојузници на тој притисок, барајќи итно решение на проблемот.

бегалци Медитеран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.