Улицата 11 октомври во Скопје остана без половина дрворед стари липи. Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ реши да ги исече трите липи, откако тоа од нив го побарале двајца повозрасни жители, на кои им пречело цветањето на липите и им предизвикувало алергија, објавува Телма Телевизија.
Иако дрвјата токму ова лето престанале да цветаат, претпријатието задолжено за нивно одржување, сепак утринава со моторните пили ги исекоа, што пак, предизвика негодување кај останатите жители на оваа улица.
За нив сечењето на липите е злосторство, бидејќи Скопје станува град во кој лесно се посега по дрворедите гаени со децении.
Граѓаните кои ги анкетираше Телма се огорчени и не веруваат во објаснувањето дека тоа се прави заради „двајца пензионери“.