Велосипедската трка Париз – Рубе позната и како „Северен пекол“ донесе уште една трагична спортска вест. Делницата беше фатална по младиот Белгиец Мишел Гулeртс (22) кој почина во болница по падот што го имаше во 110. километар од вкупно 257 километри колку што изнесува целата етапа.
Членот на екипата на Веранда доживеа застој во работата на срцето и заврши на асфалтот. Беше пронајден во безсознание и веднаш транспортиран со хеликоптер во најблиската медицинска установа, но битката што живот значи, за жал, ја загуби и покрај натчовечките напори на лекарите да го спасат.